04 август 2026
• од Гоце Кически
Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во текот на јуни и јули спровела 44 акциски контроли насочени кон спречување на незаконскиот риболов и откривање на сторители.
Во акциите, полицијата затекнала две лица при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“. Станува збор за жител на охридското село Пештани и жител на Струга, кои биле приведени во полициска станица, а против нив се поднесени соодветни пријави.
При контролите биле пронајдени и одземени 25 забранети висечки рибарски мрежи со вкупна должина од 4,9 километри. Запленети се и 702 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 97,1 килограм.
Од полицијата најавуваат дека акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, како за спречување на незаконскиот риболов, така и за контрола на почитувањето на одредбите од Законот за внатрешна пловидба.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

