04 август 2026
• од Тодор Вангелов
Левица обвини дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не го исполнил ветувањето дека во рок од шест месеци ќе има позитивни промени во американската визна политика за македонските граѓани.
Од партијата потсетуваат дека Македонија и натаму се наоѓа на американската листа на земји за кои е запрен процесот за издавање иселенички визи. Според Левица, иако Муцунски во јануари најавил „позитивно изненадување“ во рок од шест месеци, тој период веќе истекол, а Владата и Министерството за надворешни работи не соопштиле дали има напредок.
Левица оценува дека најавите на министерот не се реализирале и бара тој јавно да објасни до каде е процесот на разговори со САД и дали има конкретни резултати во врска со визниот режим.
Од партијата додаваат дека, доколку не биде дадено објаснување, ќе сметаат дека тогашните изјави биле дадени за да се ублажи незадоволството во јавноста по американската одлука за ограничување на издавањето иселенички визи за македонските државјани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

