17 август 2026
• од Темелко Тошев
Медиумската пропаганда, дезинформациите и разузнавачкото влијание не се ограничени само на помалите или радикалните политички опции, туку се длабоко навлезени и кај најголемите играчи на македонската политичка сцена, предупредува Петрит Сарачини.
Градењето на таканаречениот „Српски свет“ во суштина не се разликува концептуално од „Рускиот свет“, туку претставува негова директна копија која на Балканот се применува во последните десет до петнаесет години. Ова го истакна граѓанскиот активист и аналитичар Петрит Сарачини, анализирајќи ги методите на странско влијание во Северна Македонија.
Според него, овие два концепта функционираат преку идентични пропагандистички механизми кои се инфилтрирани во клучните општествени сфери.
Сарачини посочува дека влијанието не се остварува само преку политичките канали, туку е широко распространето низ повеќе институционални и општествени нивоа.
„Значи, тоа е силна медиумска пропаганда, дезинформации, силно разузнавачко влијание, користејќи не само актери во медиумите, во академијата, во Црквата, но и во политиката“, дециден е Сарачини.
Тој додава дека ваквите центри на моќ користат софистицирани методи за да го обликуваат јавното мислење и да креираат наративи кои одговараат на туѓи геостратешки интереси.
Анализирајќи го политичкиот пејзаж во земјата, Сарачини нагласува дека, за жал, инфилтрацијата на овие странски интереси не е изолиран случај. Иако во јавноста најчесто се посочуваат конкретни политички субјекти кои отворено застапуваат проруски или прокинески ставови, проблемот е многу поширок.
„За жал, на македонската политичка сцена тоа влијание е распространето во сите политички партии, не само во оние кои што се директно под влијание на Русија и Србија. Ние тоа влијание го гледаме и во најсилните политички партии на македонската сцена“, заклучува Сарачини.
Ваквите согледувања отвораат сериозни прашања за отпорноста на македонскиот политички систем и институциите кон хибридните закани и странските пропагандистички наративи кои континуирано се пласираат во јавниот простор.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

