01 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Познатиот адвокат Јанаки Митровски упати остри критики до органите на редот и побара итно ослободување на шестмината млади битолчани, кои беа приведени откако преку лажен профил на социјалните мрежи ловеле потенцијални педофили. Според Митровски, овие млади момчиња само ја вршеле работата што всушност треба да ја работи полицијата.
Случајот кој деновиве ја бранува македонската јавност се однесува на група млади лица од Битола (од кои најстариот има 22 години, а еден е малолетник), кои креирале лажен профил претставувајќи се како 14-годишно девојче со цел да разоткријат педофили. Наместо награда за нивната граѓанска иницијатива, тие заработија пријави од полицијата, потег кој предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Преку својот Фејсбук профил, адвокатот Митровски јавно застана во одбрана на момчињата и направи правна анализа на кривичните дела за кои тие се товарат, нарекувајќи ги апсурдни.
„Битолската полиција уапсила шест златни деца од Битола кои, види богати, ја работеле нивната работа. Креирале лажен профил на 14-годишно девојче и ловеле педофили“, пишува Митровски во својата објава.
Тој жестоко реагира на квалификацијата на делата од страна на полицијата и детално ги оспорува:
Наместо кривични пријави, Митровски смета дека битолската полиција би требало да ги „части“ овие деца за нивниот потфат. На крајот од својата реакција, тој поентира на еден клучен пропуст од страна на институциите:
„Не чувме само за кој педофил пуштија пријава. Јаз’к! СЛОБОДА ЗА ДЕЦАТА!“, порача адвокатот, апелирајќи фокусот на истрагата да се насочи кон вистинските виновници во општеството.
Пазарот се лади, но не и за нив: Бугарите со рекордно купување недвижности во Грција
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

