31 мај 2026
• од Темелко Тошев
Во своето најново гостување во поткастот „Почетна пресметка“, Митко Георгиев упати остри критики кон одредени структури и самонаречени експерти во државата, обвинувајќи ги дека свесно и тенденциозно работат против европските интеграции на Македонија.
Според Георгиев, лицата кои се противат на влезот на државата во Европската Унија имаат крајно профитерски однос кон сопствената земја.
„Тие сакаат Македонија да биде што подалеку од Европската унија. Тие луѓе се против Европската Унија. За нив Македонија не е татковина, туку за нив е имовина“, дециден е тој во своето излагање.
Тој цврсто стои на ставот дека природното место на државата е во европското семејство, нагласувајќи ги вредностите кои македонското општество веќе ги поседува.
„Македонија е држава која има европски вредности. Македонија е држава која по сите параметри ѝ припаѓа на Европа“, истакна Георгиев во поткастот.
Сепак, тој предупредува на силното влијание на странски пропаганди кои се пласираат преку домашните медиуми. Георгиев отворено посочи дека јавниот простор е преплавен од аналитичари кои се претставуваат како независни експерти, а всушност одработуваат туѓи агенди.
„Тоа се сите просрпски, а тоа значи проруски настроени луѓе – како да ги кажам, ‘експерти’ тие се нарекуваат. Еве значи, тие луѓе со сите нивни анализи, сите нивни пишувања што ги имаат по медиумите, тоа се сè проруски ориентирани луѓе“, заклучи тој во гостувањето во „Почетна пресметка“.
Изјавата на Георгиев предизвика внимание, отворајќи ја повторно дебатата за влијанието на странските центри на моќ врз креирањето на јавното мислење и медиумскиот простор во Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

