01 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Драги Ѓоргиев, таткото на трагично загинатиот тапанар на популарната македонска група ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, преку социјалните мрежи упати болен апел откако вечното почивалиште на неговиот син повторно стана мета на крадци.
Според неговата најнова објава на Фејсбук, ова е дури 14-ти пат како несовесни граѓани сквернават и крадат предмети од гробот на Ѓорѓи. За да ја прикаже реалноста со која се соочува семејството, Драги сподели и видео-снимка. На видеото јасно се гледа како повозрасна жена, без никакво двоумење, се приближува кон гробот и краде саксии со цвеќе кои биле оставени во знак на љубов и почит.
Скршен од болка поради континуираното непочитување на споменот на неговиот син, таткото напиша емотивна и потресна порака, полна со неверување, но и без грам омраза:
„14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке, која ли да си, и да ти се здрави и живи децата.“
Ваквата објава предизвика низа реакции и лавина од коментари на социјалните мрежи. Граѓаните, пријателите и бројните фанови на групата ДНК изразуваат длабоко згрозување и осуда за чинот, прашувајќи се до каде може да оди човечката бесчувствителност кога се сквернави место на кое почива прерано згаснат млад живот.
Ѓорѓи Ѓоргиев остави неизбришлива трага на македонската музичка сцена како долгогодишен тапанар и соработник на Панчо и Андреј од ДНК, а неговото трагично заминување остави голема празнина кај семејството и сите што го познаваа.
Пазарот се лади, но не и за нив: Бугарите со рекордно купување недвижности во Грција
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

