31 мај 2026
• од Темелко Тошев
Значително зголемување на примената на посебни истражни мерки (ПИМ) бележи Јавното обвинителство во текот на изминатата година. Според најновиот извештај на обвинителот Ненад Савески, кој е испратен на разгледување во Собранието, лани биле издадени наредби за прислушување, тајно следење и снимање во вкупно 44 нови истражни случаи, со што биле опфатени дури 365 лица.
Ова претставува скок од над 25 отсто во споредба со 2024 година, кога вакви мерки биле применети во 35 случаи, но сепак е двојно помалку од рекордната 2023 година, кога биле регистрирани 87 случаи. Дополнително, во текот на ланската година активни биле и 4 случаи пренесени од 2024 година.
Од вкупно 44 нови случаи, иницијатор во речиси сите предмети е Министерството за внатрешни работи (МВР). Само во два случаи иницијативата потекнала директно од Јавното обвинителство, поточно од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Во зависност од сложеноста на кривичните дела, законот дозволува комбинирање на повеќе различни мерки за различни лица во рамки на еден ист предмет. Од вкупно 365 следени лица, за три лица идентитетот останал неутврден.
Извештајот открива детална слика за методите кои ги користат истражните органи за обезбедување докази кои не можат да се добијат на друг начин:
Овие алатки биле клучни во истрагите за најтешките кривични дела: убиства, производство и промет на дрога, перење пари, тероризам, трговија со луѓе и деца, криумчарење мигранти и злоупотреба на службената положба.
Очекувано, најголем дел од посебните истражни мерки биле применети од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), предводено од Ислам Абази. Ова обвинителство лани водело 20 истраги со помош на ПИМ (18 нови и 2 стари), опфаќајќи дури 335 лица. Според извештајот, ова е логично со оглед на фактот дека тие постапуваат по најсложените предмети.
Сликата во другите обвинителства изгледа вака:
Според оценката во Извештајот, примената на овие мерки е оправдана и успешна.
„Во најголемиот број од случаите каде се применувале посебни истражни мерки се произлезени очекуваните резултати... Успешноста се мери со поведена истрага, поднесено обвинение и добиена осудителна пресуда,“ се заклучува во документот на ЈО.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

