31 мај 2026
• од Темелко Тошев
Во најновото издание на подкастот „Почетна пресметка“, познатиот новинар и коментатор Саше Ивановски – Политико, излезе со жестока анализа и коментар за настаните од 27 април и обвиненијата против учесниците во крвавиот упад во Собранието. Тој смета дека во јавноста намерно се прави спин со цел да се релативизираат делата на обвинетите.
Според Политико, перцепцијата за тоа што претставува тероризам мора да се промени, бидејќи делото не подразбира само стереотипни слики на радикални милитанти.
„Не не, тоа е спин. Не се тие обвинети за терористи во класична смисла, тие се обвинети за терористички начин на мешање во политиката. Значи ти не си терорист само ако носиш чалма, викаш ‘Алаху Акбар’ и имаш динамит на себе. Ти можеш да бидеш нормален човек. Оперски пејач можеш да бидеш, а ваму влегуваш во Собрание со стапови, кршиш и убиваш и колиш. Ти директно се мешаш во политичките процеси“, изјави Ивановски во подкастот.
Тој потенцираше дека упадот на 27 април е класично терористичко загрозување на државата и дека не мора некој да е „член на ИСИС упуштен со Тојота џип“ за да го урне системот, туку доволно е да влезе со сила таму каде што не му е местото.
Во разговорот, Политико потсети на основните демократски правила и постапки за промена на власта.
„Си има начин како ти да влијаеш на процесите. Гласаш во кутија, после таа кутија се бројат ливчињата, се има пратеници, се прави влада. Што ако утре на сите им текне да влегуваат во Собрание кога им текне и таму колат и тепаат? На што ќе личи оваа држава?“, запраша тој.
Запрашан за пошироките последици од ваквото однесување, тој го истакна и економскиот и меѓународниот аспект на ваквата нестабилност.
„Кој ќе ни биде тогаш кредитниот рејтинг? Ако кај нас нон-стоп влегуваат во Собрание и има скршени глави, има убиени таму луѓе... Значи ние не сме држава така. Не сме!“, децидно заклучи Саше Политико во своето гостување во „Почетна пресметка“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

