31 мај 2026
• од Темелко Тошев
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри сериозни неправилности и измами на потрошувачите при најновите вонредни инспекциски контроли низ поголемите синџири на маркети во земјава. Дел од млечните производи на домашниот пазар содржат драстично помал процент на млечни масти од она што е наведено на нивните декларации, а во одредени случаи е утврдено и недозволено присуство на растителни масти.
Во рамки на овие контроли, официјалните ветеринари зедоа вкупно 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомеснати производи (од домашно производство и од увоз). Целта на акцијата беше да се утврди дали реалниот квалитет на производите соодветствува со спецификациите означени на амбалажата.
Засега се комплетирани резултатите само за млечните производи, додека резултатите за сувомеснатите производи се сè уште во фаза на обработка, за што јавноста ќе биде дополнително известена.
Од земените 45 мостри од млеко и млечни производи, лабораториските анализи покажале неправилности кај дури 10 оператори со храна. Тестирањата потврдиле дека овие производи не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односно содржат помал процент на млечни масти од декларираното.
АХВ изрече строги санкции за прекршителите:
Инспекторите откриле и случај на користење на растителни масти како замена за млечните. Кај еден оператор со храна било констатирано дека во производството на млечен производ користел палмини масти.
За оваа манипулација:
Од Агенцијата за храна и ветеринарство порачуваат дека нема да толерираат вакви постапки кои го донесуваат потрошувачот во заблуда и го нарушуваат квалитетот на храната на македонскиот пазар. Засилените инспекциски контроли кај оваа категорија оператори со храна ќе продолжат со несмален интензитет и во наредниот период.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

