01 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Дваесетина ученици и еден наставник од Основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во скопската општина Кисела Вода побарале итна лекарска помош поради симптоми кои вклучуваат гадење, повраќање и дијареја. Оваа ситуација отвори сериозни сомнежи во јавноста дали станува збор за труење со храна или за распространето вирусно заболување.
Според официјалните информации од здравствените установи, најголемиот дел од пациентите поминале со полесни симптоми и се надвор од животна опасност. Како што објави порталот 4news.mk, дистрибуцијата на пациентите по клиниките изгледа вака:
Надлежните здравствени и санитарни власти се веќе на терен и спроведуваат детални проверки. Според првичните епидемиолошки анкети направени со пациентите и нивните семејства, досега не е утврдена заедничка консумација на храна кај сите заболени.
Поради овој факт, здравствените власти апелираат на трпение и не сакаат да шпекулираат за точните причини сѐ додека не завршат целосните лабораториски и теренски анализи. Се испитуваат сите опции – од евентуално труење со храна од училиштето или околината, па сѐ до појава на стомачен вирус кој лесно се пренесува во училишни услови.
Ситуацијата предизвика голема вознемиреност меѓу родителите на децата кои учат во ОУ „Невена Георгиева-Дуња“.
„Моето дете го зедов од училиште уште претпладне бидејќи почна силно да повраќа. Очекуваме надлежните институции што побрзо да си ја завршат работата, да ги утврдат причините за оваа појава и да нè информираат,“ изјави еден од загрижените родители.
Се очекува во текот на наредните денови надлежните институции да излезат со официјален извештај кој ќе ја расчисти дилемата и ќе ги посочи конкретните причини за масовните стомачни тегоби кај учениците.
Пазарот се лади, но не и за нив: Бугарите со рекордно купување недвижности во Грција
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

