14 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Скопјанец е приведен вчеравечер откако физички нападнал двегодишно дете во двор од семејна куќа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според официјалните информации од полицијата, настанот се случил на 13 јуни околу 19:00 часот. Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Скопје реагирале на терен и во 19:15 часот го лишиле од слобода М.А. (31) од Скопје.
„На 13.06.2026 година во 19:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.А. (31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19:00 часот во двор од семејна куќа физички нападнал двегодишно дете“, соопштуваат од МВР.
Осомничениот веднаш бил спроведен во полициска станица за понатамошна постапка.
Евростат: Северна Македонија меѓу земјите со најдолга работна недела во Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

