13 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Познатиот новинар и аналитичар Бранко Тричковски во својата најнова изјава излезе со остар и провокативен став во врска со македонско-бугарските односи, прашањето за идентитетот и политичката реалност во земјава. Тој повикува на итно национално помирување со Бугарија и тврди дека прифаќањето на нивните барања нема да го уништи, туку напротив – ќе го ослободи и зацврсти македонскиот идентитет.
Во својата анализа, Тричковски лоцира дека главната закана за македонскиот идентитет не доаѓа од надвор, туку од внатрешните фактори кои шират хистерија.
„Никој не го загрозува македонскиот идентитет повеќе од оние кои дома ја шират хистеријата дека Бугарија сака да го редефинира, а надвор, во Европа и во светот, даваат основи да се верува дека навистина има нешто дефектно во идентитетот кој толку многу се оспорува и се брани,“ посочува аналитичарот.
Тричковски директно ја обвинува партијата ВМРО-ДПМНЕ за креирање на оваа криза, тврдејќи дека нивната цел е промена на идентитетот преку блокирање на евроинтеграциите. Оваа таканаречена одбрана, според него, е всушност внатрешен напад кој „веќе предизвика рак на националниот организам, кој ќе заврши со агонија и смрт“.
Тој е дециден дека Македонија мора да разбере оти времето на македонската национална консолидација на антибугарска основа е завршено.
„Речиси целокупната историска легитимација од пред '41 година ја влечеме од Софија. Сите деноминации на ВМРО се бугарски инсталации кои работат за интересите на Бугарија. Македонија мораше самата да редефинира дел од својата историска легитимација која е врзана со Бугарија, не за да се бугаризира, туку за да воспостави нормални односи и да се утврди како посебен идентитет, доволно оддалечен за да опстои и да се развива како посебна нација. Без ВМРО,“ анализира Тричковски.
На прашањето што треба државата да прави со фактот дека Софија не го признава македонскиот јазик, одговорот на Тричковски е краток: „Ништо!“
Според него, ако Бугарија не го разбира тоа како своја културна и политичка обврска, Македонија не треба да престане да „дише“ поради тоа. Договорот за добрососедство, протоколите и преговарачката рамка ги оценува како добра и единствена основа за опстанок и развој на државата.
Во својот препознатлив стил, Тричковски упати и жестоки критики кон претседателката Гордана Сиљановска-Дкова (која ја ословува како Гога) и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Вилата на Водно ја нарече „убаво место за производство на марули, но не и за политика“, предупредувајќи дека државниот врв ќе ја „отруе“ нацијата.
„Убијте го Мицко со невнимание. И со презир. Па после свртете ѝ се на Гога. (Илијана) Јотова не ѝ е никаква конкуренција во антимакедонските дела. Во сите опции Македонија мора да се ослободи од ВМРО,“ заклучува Тричковски.
Тој предупредува дека алтернативата на европеизацијата преку Договорот со Бугарија е назадување, „кромањонизирање, канибализирање или, ако имаме среќа, бугаризирање.“
Евростат: Северна Македонија меѓу земјите со најдолга работна недела во Европа
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

