13 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Бугарскиот шоумен и политичар Слави Трифонов објави статус во кој ја коментира неодамнешната посета на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова на Бугарија.
Повод за неговата изјава е информацијата дека македонската претседателка побарала од бугарските новинари да ѝ ги поставуваат прашањата на англиски јазик, со цел подобро да ги разбере.
Во својата објава, Трифонов го изнесува своето видување за односот на македонската страна кон Бугарија и го споделува своето незадоволство од актуелната состојба меѓу двете држави.
„Веќе не знам какви чувства гаам кон тие Македонци. Извинете – Северномакедонци. Целата таа омраза кон нас и кон сè што е поврзано со нас е апсолутно несфатлива и веќе предизвикува само одвратност. Сè е јасно. Историски, географски, емоционално, ментално – сè е јасно. И е толку тажно“, пишува Трифонов.
Тој посочува дека обидот на претседателката Сиљановска-Давкова да комуницира со бугарските новинари на англиски јазик во Бугарија е, според неговите зборови, „срамен“, додавајќи дека тоа лично го „развеселило“.
Како осврт на барањето за користење англиски јазик, Трифонов ѝ се обраќа на македонската претседателка преку стих од народната песна „Кога зашумат шумите“, која тој во текстот ја окарактеризира како „бугарска песна од македонскиот крај“.
Стиховите ги напиша користејќи англиски изговор испишан на кирилица:
На самиот крај, Трифонов ја задржува истата форма на пишување (англиски зборови испишани со кирилични букви), завршувајќи ја својата објава со следната порака:
„Мај диър Гордана, дис сонг уоз джъст фор ю. Ай хоуп ю ъндърстуд ми коректли. Гудбай, гуд найт, енд хеви найс дей. Юр фен, Слави Трифонов.“ (Драга Гордана, оваа песна беше само за тебе. Се надевам дека правилно ме разбра. Довидување, добра ноќ и имај убав ден. Твој обожавател, Слави Трифонов).
Евростат: Северна Македонија меѓу земјите со најдолга работна недела во Европа
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

