13 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во своето гостување во емисијата „Трилинг“, упати остри критики за актуелното владеење, обвинувајќи за економски застој, нефункционалност на институциите и лошо управување со јавните финансии. Тој истакна дека СДСМ нуди јасна визија за иднината на државата, која се темели на владеење на правото, бескомпромисна борба против корупцијата и суштинско подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Според Трајановски, државата се соочува со сериозни проблеми, а граѓаните на својот грб секојдневно ги чувствуваат слабостите на власта. Тој посочи на континуираните доцнења на клучните државни исплати кон граѓаните.
„Како што поминува времето, гледате дека буквално на секое поле се доцни – се доцни со субвенции, се доцни со социјална помош, се доцни со поврат на ДДВ. Ние сме земја со најмала минимална плата, земја со најмала просечна плата, и наместо подобри услови, денес работникот се бори со Владата. Буквално се бори со Владата,“ истакна Трајановски.
Тој додаде дека актуелната власт преку силна пропаганда се обидува да прикаже лажна слика за економската состојба, која е далеку од реалноста на терен.
Осврнувајќи се на новата политичка програма на СДСМ насловена „Твоја држава, твоја шанса“, потпретседателот на партијата нагласи дека клучните столбови на нивното делување се европските интеграции, економскиот развој и социјалната правда. Сепак, најголем акцент беше ставен на реформите во правосудниот систем.
„Ветингот за кој зборуваме, мислам дека е попотребен од кога било. Ние сме решени тие неколку работи да бидат примарна цел по преземањето на власта. Тоа е борбата против корупцијата. Патот сме го одбрале и нема враќање назад. Средувањето на правосудниот систем е круцијална работа,“ дециден е Трајановски.
Тој најави дека за воспоставување на функционален и независен правосуден систем ќе биде неопходно вклучување на европските институции во процесот, следејќи ги примерите на повеќе развиени европски држави.
Трајановски се осврна и на горливиот проблем со масовното иселување на младите, лоцирајќи ја вината во нефункционалниот систем кој ги демотивира граѓаните.
Ова се трите клучни фактори кои, според него, ги бркаат младите од државата.
„На државата ѝ недостига функционален систем. Системот не функционира и нема да функционира ако треба некој да ме знае мене лично или да познава некој функционер за да заврши работа. Тоа не е систем. Тоа е систем на врски,“ заклучи Трајановски.
Евростат: Северна Македонија меѓу земјите со најдолга работна недела во Европа
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

