13 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Актуелната влада го користи дури и спортот и најголемиот спортски настан, Светското првенство во фудбал, за да го потисне албанскиот јазик и да го фаворизира „српскиот свет“, се вели во најновото соопштение на партијата Албанска лига (Lidhja Shqiptare), предводена од Зијадин Села.
Во партиската реакција се посочува дека за првпат јавниот радиодифузен сервис (МРТ) не успеал да ги обезбеди правата за пренос на мундијалот, а овие права годинава ги откупила „Арена Спорт“, која во соопштението се опишува како „српска платформа блиска до Вучиќ“.
„Покрај огромните профити што ќе ги има оваа платформа, бидејќи натпреварите ќе можат да се следат само со дополнително плаќање преку кабелските оператори, ова ќе биде и првпат по две децении граѓаните на државата да зависат директно од една српска платформа“, се истакнува во соопштението на Албанската лига.
Од партијата додаваат дека со цел да се камуфлира ваквата ситуација пред македонските граѓани, на каналите на „Арена Спорт“ е обезбедено коментирање на натпреварите на македонски јазик, но дека телевизијата не нашла за сходно да ангажира и коментатори на албански јазик.
Според лидерот на партијата, Зијадин Села, ова отсуство на албански коментатори не претставува технички пропуст, туку намерен политички потег.
„Ова не е технички проблем, туку дејствие кое е во насока на континуираното потиснување на јазичните права од страна на Владата. Дури и преку овој настан, кој по својата природа треба да обединува јазици и култури, Владата преку 'српскиот свет', чиј дел е и самата, го дискриминира албанскиот јазик“, заклучуваат од Албанската лига.
Евростат: Северна Македонија меѓу земјите со најдолга работна недела во Европа
Нови мерки против пожарите: Од 1 јули се забранува движење во шума без дозвола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

