26 септември 2026
• од Гоце Кически
Буџетскиот дефицит на Северна Македонија во првите осум месеци од годинава достигна 38,2 милијарди денари, што е значително зголемување во споредба со истиот период лани.
Во првите осум месеци од 2025 година дефицитот изнесувал 28,3 милијарди денари. Тоа значи дека годинава е поголем за 9,9 милијарди денари, односно за околу 35 проценти.
Истовремено, вкупните буџетски расходи пораснале на 268,8 милијарди денари, од 242 милијарди денари во истиот период минатата година. Зголемувањето изнесува 26,8 милијарди денари, или околу 11 проценти.
Само во август буџетскиот дефицит достигнал 5,6 милијарди денари. Во истиот месец лани тој изнесувал 2,3 милијарди денари, што значи дека августовскиот дефицит е повеќе од двојно зголемен.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

