26 септември 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при посета на Свети Николе изјави дека граѓаните се соочуваат со зголемени животни трошоци, додека земјоделците имаат сериозни проблеми со откупот и ниските цени на производите.
Филипче рече дека особено се погодени пензионерите со ниски пензии, социјално загрозените семејства, семејствата со повеќе деца и работниците со минимална плата. Тој посочи и на високите трошоци за гориво.
Според него, СДСМ во Собранието предлага зголемување на минималната плата и финансиска поддршка за земјоделците во услови на зголемени производствени трошоци.
При посетата на Овчеполието, Филипче разговарал и со земјоделци, кои, како што рече, се жалат на проблеми со откупот на грозјето и пченицата, како и на ниските откупни цени на млекото.
Тој предупреди дека растот на цените на горивото и ѓубривата, заедно со проблемите со откупот, може дополнително да ја влоши состојбата во земјоделството. Според Филипче, земјоделците бараат посериозна институционална поддршка за да можат да продолжат со производството.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

