27 септември 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски поради застојот во уставните измени и европскиот пат на Северна Македонија.
Вигенин изјави дека, според него, Мицкоски го прави „најголемото предавство“ кон Северна Македонија со тоа што не се спроведени уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во Уставот. Тој тврди дека доколку ова прашање било затворено порано, земјата денес ќе била многу понапред во процесот на пристапување кон Европската Унија.
Според рамката договорена со Европската Унија во 2022 година, следната фаза од пристапниот процес е поврзана со стапувањето во сила на уставните измени со кои, меѓу другите, во Уставот треба да бидат опфатени и граѓаните кои се дел од бугарскиот народ. Ова прашање и натаму останува еден од клучните услови за напредок на земјата во преговорите.
Вигенин се осврна и на случајот со Ива Михаилова, кој го оцени како хуманитарно прашање. Тој ги обвини македонските власти дека со нерешавањето на случајот дополнително се создаваат тензии меѓу Скопје и Софија.
Бугарскиот европратеник ги коментираше и односите меѓу двете земји, оценувајќи дека довербата треба да се гради преку исполнување на преземените обврски, а не преку меѓусебни обвинувања.
Прашањето за уставните измени веќе неколку години е во центарот на спорот меѓу Скопје и Софија, додека Европската Унија продолжува да повикува на исполнување на условите од преговарачката рамка и спроведување на реформите поврзани со владеењето на правото и европската интеграција.
Маса од 800.000 верници во Париз за папата, потоа молитва во светилиштето Лурд
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

