13 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Реквизитот што го користел Дарт Вејдер во „Војна на ѕвездите“ беше продаден на аукција во САД за 4,875 милиони долари, односно околу 4,4 милиони евра. Продажбата постави нов рекорд за предмет од филмската франшиза.
Светлосниот меч се појавува во филмовите „Империјата возвраќа“ од 1980 година и „Враќањето на џедајот“ од 1983 година. Тој е поврзан и со познатата сцена во која Вејдер му открива на Лук Скајвокер дека е негов татко.
Организаторите очекувале реквизитот да достигне цена повисока од еден милион долари. На аукцијата, што ја организираше „Херитиџ аукшнс“, биле понудени вкупно 27 светлосни мечеви.
Според „Еуроњуз“, продажбата го надмина претходниот рекорд од 3,75 милиони долари за реквизит од „Војна на ѕвездите“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

