09 ноември 2026
• од Стефан Николов
Европската комисија ја претстави првата стратегија на Европската Унија за одржлив туризам, со која сака да ја зголеми конкурентноста на секторот и подобро да ги распредели туристичките текови. Планот предвидува поддршка за малите туристички бизниси, развој на вештини и поголема употреба на дигитални алатки и податоци.
Туризмот во ЕУ поддржува околу 20 милиони работни места и опфаќа пет милиони компании, од кои 99 отсто се мали и средни претпријатија. Според Европската комисија, секторот придонесува со 10 отсто во бруто-додадената вредност на Унијата.
Стратегијата предвидува соработка меѓу државите, регионите, локалните власти и туристичкиот бизнис. Меѓу мерките се Европска академија за туризам, заеднички простор за туристички податоци и опсерваторија за следење на трендовите. Комисијата сака и да ги намали непотребните административни пречки.
Планот предвидува промоција на помалку посетени места и поттикнување патувања во текот на целата година, за да се намали притисокот врз најпопуларните дестинации. Комисијата наведува дека секторот се соочува со недостиг од работници, последици од климатските промени и неизвесност во меѓународната средина. Еуроњуз пренесува дека туристичките здруженија ја поздравиле стратегијата и повикале на координиран пристап.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

