09 ноември 2026
• од Гоце Кически
Советот на ЕУ го продолжи мандатот на мисијата за воена помош на Украина за уште две години, до 15 ноември 2028 година. За овој период се предвидени речиси 300 милиони евра.
Мисијата ќе воспостави присуство во Украина за непосредна координација со украинските воени власти и меѓународните партнери. Обуката ќе се приспособува на потребите на украинската армија, а поголемо внимание ќе се посвети на искуствата од бојното поле и на зајакнувањето на воената обука.
ЕУ ќе продолжи да соработува со САД, Велика Британија, Канада, Норвешка, НАТО и други партнери. Од почетокот на мисијата, во октомври 2022 година, биле обучени повеќе од 100.000 украински војници, соопшти Советот на ЕУ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

