28 октомври 2026
• од Гоце Кически
Младите Европејци сè почесто учествуваат во активности на организации и иницијативи за општествени промени, покажува ново истражување на Евробарометар. Анкетата открива и дека мнозинството смета оти Европската Унија влијае врз нивниот секојдневен живот.
Во изминатите 12 месеци, 75 отсто од младите на возраст од 15 до 30 години учествувале во активности на најмалку една организација, наспроти 64 отсто во 2024 година. Најчесто станува збор за спортски клубови и младински организации. Повеќе од половина, односно 55 отсто, учествувале во иницијатива за општествени промени.
Шеесет отсто од анкетираните учествувале во активности во друга земја од ЕУ, како студии, културни и спортски размени или волонтирање. Воедно, 75 отсто сметаат дека одлуките на ЕУ влијаат врз нивниот секојдневен живот.
Од Унијата најчесто очекуваат да придонесе за зачувување на мирот, борба против сиромаштијата и нееднаквоста и отворање повеќе работни места за младите. Како главен приоритет на младинските политики ги посочуваат вработувањето и трошоците за живот. Гласањето и активноста на социјалните мрежи ги сметаат за најефикасни начини да го искажат својот став.
Истражувањето било спроведено од 19 јуни до 1 јули 2026 година, со 26.806 млади испитаници од сите 27 земји членки на ЕУ. Резултатите ќе придонесат во подготовките за следната стратегија на ЕУ за младите, по 2027 година.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

