28 октомври 2026
• од Гоце Кически
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја повика власта да преземе мерки за да им помогне на граѓаните со растот на трошоците за живот и цените на горивата. Тој оцени дека досега не биле преземени мерки за поддршка од почетокот на кризата.
„Така не се води државата и не се води сметка за животниот стандард на граѓаните и за секојдневните проблеми, кои се натрупуваат додека трошоците неконтролирано растат“, рече Филипче.
Тој ја повика владата до крајот на годината да преземе барем еден чекор за подобрување на животниот стандард во, како што рече, тешките услови за живот. Филипче побара властите да покажат грижа и емпатија, наместо да се занимаваат само со партиските тендери.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

