27 октомври 2026
• од Никола Трајковски
Тврдењето дека американските сили се повлекле стотици километри од Ормускиот Теснец е неточно, соопшти Централната команда на САД. Според неа, американските сили и натаму се присутни во регионот и ја следат состојбата во теснецот и околните води.
Соопштението следува по изјава на командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, кој тврдеше дека американските сили се оддалечиле од Ормускиот Теснец.
Централната команда наведе дека присуството на американските сили било видливо и за време на активностите на нејзиниот командант овој викенд. Таа додаде дека САД и регионалните партнери го одржуваат присуството на меѓународниот воден пат.
Шекеринска повика сојузниците да ја засилат противвоздушната поддршка за Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

