28 октомври 2026
• од Стефан Николов
Полицијата пронајде осум мигранти во возило на регионалниот пат Демир Капија–Неготино и го лиши од слобода четириесетгодишниот возач од Албанија. Меѓу мигрантите имало и двајца малолетници, а според нивните изјави, тие се од Авганистан.
Случајот бил откриен на 27 октомври во близина на местото викано „Острово“, при полициска контрола на автомобил „фолксваген туран“ со албански регистарски ознаки.
Возачот бил задржан во Полициската станица во Неготино, а мигрантите биле однесени во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија. По документирањето на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

