27 октомври 2026
• од Гоце Кически
Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, повика сојузниците да ја зголемат поддршката за Украина, особено во противвоздушната и противракетната одбрана. Таа предупреди дека руските напади врз украинските градови се засилуваат пред зимата.
Говорејќи во Париз по состанокот со министрите за одбрана од групата Е5, Шекеринска рече дека сојузниците и натаму ќе ѝ помагаат на Украина со финансирање, опрема и воени залихи. Таа посочи дека преку повеќе канали, меѓу кои и иницијатива на НАТО, се испорачува поголемиот дел од клучните средства за воздушна одбрана што ѝ се потребни на земјата.
Шекеринска истакна дека зголеменото производство на воена опрема и соработката со украинската одбранбена индустрија можат да помогнат во проширувањето на производството на дронови и средства за нивно пресретнување.
На состанокот била разгледана и безбедноста на пловидбата во Ормускиот Теснец и Црвеното Море. Според НАТО, сојузниците ја нагласиле важноста на отворените поморски рути за снабдувањето со енергија и меѓународната трговија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

