28 октомври 2026
• од Никола Трајковски
Стапката на фертилитет во Северна Македонија изнесува 1,35 живородени деца по жена. Во земјава највисока стапка има Скопскиот регион, а најниска Источниот.
Според податоците на Евростат, пренесени од Скопско ЕХО, над националниот просек се и Североисточниот регион со 1,40 и Пелагонискиот со 1,36 деца по жена. Стапката во Скопскиот регион е 1,73.
Под просекот се Полошкиот, Југозападниот, Вардарскиот, Југоисточниот и Источниот регион. Во Источниот регион таа изнесува 1,16 деца по жена.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

