27 октомври 2026
• од Никола Трајковски
Американското Министерство за одбрана, преименувано во Министерство за војна со извршна наредба на претседателот Доналд Трамп, бара новото име да биде внесено и во закон. Од министерството велат дека промената треба појасно да ја претстави неговата воена мисија пред сојузниците и потенцијалните противници.
Портпаролот на министерството, Шон Парнел, во текст објавен на веб-страницата на американското Министерство за војна оцени дека јасното именување на задачата може да ги зајакне сојузништвата и да спречи погрешни процени. Тој повика Конгресот да го вклучи името во конечната верзија на годишниот закон за одбраната.
Според Парнел, промената на името не ја менува мисијата на вооружените сили, ниту уставните надлежности на претседателот и Конгресот. Министерството наведува дека целта на воената подготвеност е да се одвратат заканите и да се зачува мирот.
Шекеринска повика сојузниците да ја засилат противвоздушната поддршка за Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

