28 октомври 2026
• од Стефан Николов
При контрола во правно лице во селото Борисово, општина Ново Село, бил утврден недостиг од 7.813,49 килограми сув цвет од медицински канабис, соопшти Министерството за внатрешни работи. За количината немало соодветна документација и покритие.
Покрај недостигот, полицијата и претставници на надлежната комисија при Министерството за здравство утврдиле дека недостасуваат документи за ангажираниот кадар и друга задолжителна документација.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против правното лице и неговиот управител, осомничени за кривични дела според Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

