08 август 2026
• од Гоце Кически
Американското разузнавање предупредува дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да нареди ограничен напад врз земја членка на НАТО уште оваа есен, објави „Волстрит журнал“.
Според проценките, можен е голем хибриден напад или ограничен воен упад на источното крило на НАТО. Целта би можела да биде проверка на решителноста на Алијансата и нејзината обврска за колективна одбрана според членот пет.
Новите американски проценки се совпаѓаат со предупредувањата што во последните месеци доаѓаат од Европа. Германски воени претставници претходно оценија дека Русија во наредните години би можела да има капацитет за напад врз земји од НАТО.
Особена загриженост постои во Балтикот и Полска. Литванските власти предупредуваат и на можни операции под лажно знаме, при кои би можеле да бидат употребени беспилотни летала од украинско производство за напади врз критична инфраструктура и за создавање забуна околу одговорноста.
Тензиите дополнително ги зголемија неодамнешните инциденти со беспилотни летала во балтичките земји и во Германија. Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт еден од инцидентите го опиша како можно сценарио на хибриден напад, без директно да ја обвини Русија.
Западните сојузници во изминатиот период постојано предупредуваат на руски хибридни активности во Европа. НАТО ја засилува одбраната на источното крило, додека земјите членки се соочуваат со потреба од поголеми резерви на оружје и системи за противвоздушна одбрана.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

