07 август 2026
• од Темелко Тошев
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран да заврши „многу наскоро“, пренесува Ројтерс. Сепак, тој призна дека резервите на американската армија за одредени видови муниција се ограничени.
„Мислам дека ќе заврши многу наскоро. Не мислам дека можат да издржат уште долго“, им изјави Трамп на новинарите во Овалната соба, мислејќи на Иран.
Претходно, медиумите објавија дека американската војска потрошила голем дел од своите резерви на ракети со долг дострел и висока прецизност за време на петмесечната војна со Иран. Првично, шефот на државата категорично негираше дека тоа е вистина преку објава на социјалната мрежа „Truth Social“.
Но, подоцна, одговарајќи на прашање за состојбата со резервите на муниција, Трамп изјави дека САД располагаат со речиси неограничени количини од некои оружја, иако призна дека достапноста на други видови е поограничена.
„Располагаме со неограничени, практично неограничени резерви од одредени видови муниција, кои се многу моќни. Но, кај други, достапноста е малку помала“, нагласи тој.
Според неговите зборови, американските компании за оружје градат дополнителни производствени капацитети, вклучувајќи ги и оние за ракетите „Патриот“ и „Томахавк“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

