08 август 2026
• од Темелко Тошев
Во уште еден потег кој предизвикува бурни реакции и револт во македонската јавност, пратеникот од редовите на Алијансата за Албанците, Ријад Шаќири, викендов се пофали со промоција на маало во липковското село Отља кое го доби името по Лефтер Коџај, во јавноста познат како „Командант Тели“.
Станува збор за поранешен припадник на ОНА, инаку државјанин на Република Албанија, кој за време на воениот конфликт во 2001 година зеде активно учество во вооружените борби против македонските безбедносни сили. Иако станува збор за лице кое директно пукало кон македонската полиција и армија и го нарушувало уставниот поредок, локалните структури и политичките претставници продолжуваат со контроверзната практика на величање на ваквите фигури.
Провокација спакувана како „почит“
Шаќири преку своите профили на социјалните мрежи настанот го опиша како „заслужена почит за жртвата“, отворено славејќи го лицето кое учествувало во вооружениот бунт против Република Македонија.
„Ова е заслужена почит за неговата жртва и дело, како и траен потсетник за генерациите дека слободата се стекна со крвта на најдобрите синови на нацијата“, напиша Шаќири, игнорирајќи го фактот дека како пратеник зема плата од истата таа држава против која Командант Тели се борел.
Настанот се одржал во присуство на локалното население и поранешни членови на ОНА, а пораките кои беа испратени се толкуваат како директна провокација и газење врз споменот на загинатите македонски бранители кои ги дадоа своите животи бранејќи го суверенитетот на државата.
Континуирано игнорирање на државните институции
Овој случај во Отља не е изолиран инцидент. Тој е само уште еден во низата примери во општините каде локалната власт континуирано преименува улици, плоштади и објекти во чест на борци на ОНА. Ваквите постапки со години наназад наидуваат на остра осуда од македонските граѓани, кои со право прашуваат – до кога институциите немо ќе набљудуваат како во рамките на државата се подигнуваат споменици и се именуваат маала по оние кои се обидоа да ја уништат?
Останува да се види дали надлежните државни органи ќе реагираат на ваквото самоволие при именувањето на локалните топоними и дали ќе има политичка одговорност за функционерите кои промовираат антидржавни наративи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

