23 мај 2026
• од Темелко Тошев
Попладнево, во 17:41 часот, поширокото подрачје на Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од 4.1 степен според Рихтеровата скала.
Според првичните информации од системите за следење на сеизмичката активност, епицентарот на потресот е лоциран во близина на населеното место Морани, на оддалеченост од околу 7 километри од главниот град.
Земјотресот беше јасно почувствуван од жителите на Скопје и околните места, предизвикувајќи вознемиреност, но засега нема официјални извештаи за евентуални материјални штети или повредени лица.
Надлежните институции потсетуваат дека при вакви потреси, официјалните податоци од Сеизмолошката опсерваторија може да бидат предмет на дополнителна обработка и потврда. Граѓаните се советуваат да останат смирени и да ги следат информациите исклучиво од официјалните канали и надлежните државни органи.
Останете со нас за повеќе информации во текот на вечерта.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

