23 мај 2026
• од Темелко Тошев
Во емотивно и искрено обраќање, Георгиев се осврна на прашањето за националниот идентитет, тврдејќи дека во македонското општество долго време постои системска дискриминација кон оние кои отворено ги истакнуваат своите бугарски корени, поврзани со традициите на преродбенците и ВМРО.
Според Георгиев, клучниот јаз во општеството се наоѓа во различното доживување на државата. Тој упати директна обвинување кон група луѓе кои, како што вели, го користат „македонизмот“ како параван за личен и материјален интерес.
„Мора да разбереме дека за нас, Македонците кои сме Бугари по потекло од преродбенците и ВМРО, Македонија е татковина. Но, за тие другите, Македонија е имовина. Тоа се луѓе кои во име на македонизмот сакаат само да профитираат“, истакна Георгиев во подкастот.
Георгиев во „Почетна пресметка“ ја критикуваше и образовната и медиумската политика во изминатите децении. Тој тврди дека историјата и книгите што се користеле во училиштата не биле пишувани од македонски историчари, туку биле плод на влијанија кои ги нарече „српска лабораторија“.
„Ни се пуштаа само српски програми. Оние што се вистински Македонци, како мојот татко кој беше професор и лежеше четири и пол години затвор, минуваа многу лошо. А тие, 'македонистите' од српската лабораторија, постојано напредуваа“, рече тој.
Според него, невозможно било да се добие каква било функција или општествена положба ако човек отворено зборувал за своето бугарско потекло, што, според него, е показател за отсуство на вистински цивилизациски вредности.
И покрај острите ставови, Георгиев ја заврши својата анализа со порака за промена на курсот. Тој потенцира дека македонското општество мора да почне да ги вреднува луѓето врз база на нивниот интелект, образование и личен придонес, а не врз основа на национална припадност или партиска лојалност.
„Работите мора да се променат. Луѓето треба да се почитуваат според тоа што се како личности и според нивната интелигенција. А за да се случат тие промени, неопходен е дијалог“, заклучи Митко Георгиев.
Целата изјава на Митко Георгиев можете да ја проследите во најновата епизода на подкастот „Почетна пресметка“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

