23 мај 2026
• од Темелко Тошев
Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе од два месеци не е виден на седница на Владата, но и покрај тоа, останува на функцијата, а надлежните институции одбиваат да одговорат дали тој за овој период зема државна плата.
Случајот со отсуството на вицепремиерот Фетаи отвора сериозни прашања за одговорноста на носителите на јавни функции и за почитувањето на законите во државниот апарат. Иако неговото „неодење“ на работа е евидентно, Владата и Министерството за финансии влегоа во „игра на префрлање на топката“, избегнувајќи директен одговор за статусот на исплатите кон вицепремиерот.
Обидот да се добие конкретен одговор од Министерството за финансии резултираше со генерален став, без потврда или демант за случајот на Фетаи.
„Почитувани, во врска со Вашите прашања Ве известуваме дека платата на избраните и именуваните лица е регулирана и се исплаќа согласно Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица. Налогот за исплата на плати го подготвува соодветниот буџетски корисник и се реализира преку Трезорот на МФ согласно законските прописи“, стои во кусиот одговор од Министерството за финансии.
Овој одговор, наместо да ја расветли ситуацијата, само ја продлабочува дилемата – кој е „соодветниот буџетски корисник“ кој го потпишал налогот за исплата, доколку лицето не извршува работни задачи?
Премиерот Христијан Мицкоски во неколку наврати во изминатиот период беше соочен со прашањата за долгото отсуство на неговиот вицепремиер. Сепак, шефот на Владата досега избегнува да даде прецизен одговор на прашањата: колку точно време Фетаи не се појавил на работното место и, уште поважно, зошто истиот сè уште не е разрешен.
Според правните експерти, ваквото однесување директно ги засега одредбите од неколку закони:
Останувањето на Фетаи на функцијата, и покрај неговото отсуство, е правен преседан кој ги става под знак прашалник принципите на „добро владеење“ – ресор кој токму тој требаше да го предводи. Јавноста останува во исчекување на одговор дали буџетски средства се слеваат на сметка на функционер кој два месеци е отсутен од своето работно место.
Шукова до Тошковски: Убиства, дрога и хаос – колку жртви уште треба за оставка?
Нов граничен премин меѓу Бугарија и Србија: Се гради стратешка врска за Северозападот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

