23 мај 2026
• од Темелко Тошев
Во гостувањето во емисијата „Бизнис 21“, економскиот консултант Горан Рафајловски излезе со провокативен, но директен став околу висината на платите на функционерите во Македонија, посочувајќи дека е крајно време да се стави крај на дебатите за тоа колку заработуваат политичарите.
Според Рафајловски, решението за елиминирање на корупцијата во високите државни структури лежи во соодветното вреднување на трудот на оние кои управуваат со државните ресурси.
Рафајловски е дециден дека министрите мора да бидат значително подобро платени за да се мотивираат професионално и да се спречат злоупотребите.
„Мора да се сопре со тоа колкави се платите на политичарите. Ако сакате да нема крадење, тогаш треба да се платат. И да има награда ако донесе некоја голема инвестиција и да сработи цел проект... Па и милијарда евра да донесе, да му се даде награда“, истакна Рафајловски.
Тој отворено признава дека неговиот став може да предизвика негативни реакции во јавноста, но останува на своето:
„Е, сега многу ќе ме плукаат, но според мене, платите на министрите не смеат да бидат помали од 10.000 евра.“
Сепак, високата плата, според Рафајловски, мора да биде проследена со „железна дисциплина“ и строги законски санкции. Тој предлага драстично зголемување на казните за оние кои ќе ги злоупотребат функциите за лична корист.
„Ако краде, ако е коруптивен, тогаш минимум 20 години затвор. Ќе видите дека државата ќе има помал трошок“, заклучува Рафајловски во интервјуто за ТВ21.
Овој предлог отвора широка дебата во јавноста за тоа дали повисоките примања се вистинскиот механизам за сузбивање на корупцијата во земјата или, пак, се потребни системски промени во контролирањето на работењето на функционерите.
Шукова до Тошковски: Убиства, дрога и хаос – колку жртви уште треба за оставка?
Нов граничен премин меѓу Бугарија и Србија: Се гради стратешка врска за Северозападот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

