07 јули 2026
• од Темелко Тошев
Во Собранието денеска се очекува да се одржи нова средба меѓу координаторите и претставниците на пратеничките групи на политичките партии, на која ќе се разговара за измените на Изборниот законик. Откако процесот заглави во собраниските процедури, партиите прават нов обид за надминување на разликите.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ очекува СДСМ и ДУИ да го изнесат својот став во врска со нивниот предлог за гласање по пошта за дијаспората. Според нивното барање, целата процедура треба да се регулира со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 30 септември 2028 година. Истовремено, од партијата декларираат дека се подготвени да прифатат модел со една изборна единица.
Во меѓувреме, партијата „Левица“ побара државното финансирање за изборно рекламирање за партиите со пратенички групи да изнесува 10 отсто, а одлучувањето во ДИК да биде консензуално – предлог кој за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив.
За предложените измени на Изборниот законик кои се во собраниска процедура, досега се поднесени околу 13.500 амандмани од страна на СДСМ и Левица. Најспорен момент во преговорите беше предлогот за електронско гласање на дијаспората:
Учесниците во работната група веќе го прифатија предлогот на ДУИ и Левица за буџетското финансирање на партиите. Договорено е бројот на пратеници да биде објективен критериум за распределба на 97% од средствата, додека 3% ќе останат за вонпарламентарните партии.
Распределбата на средствата би изгледала вака:
Доколку денеска се постигне конечен договор во Собранието, СДСМ и Левица ќе ги повлечат илјадниците амандмани и процесот конечно ќе биде деблокиран. Измените и дополнувањата на Изборниот законик претставуваат последната од десетте точки во грејс-периодот за нашата земја во контекст на европските реформски процеси.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

