02 јули 2026
• од Темелко Тошев
Мајката на 14-годишното момче кое на 22 јуни беше крвнички избодено со нож во скопската населба Ченто, Џељана Селими, излезе со шокантни тврдења за начинот на кој надлежните институции го третираат овој брутален напад.
Според нејзината изјава дадена за „Слободен печат“, полицијата настанот го квалификува како „насилство“, а не како „обид за убиство“, и покрај тоа што напаѓачите биле вооружени до заби – едниот со нож, а другиот со автоматска пушка (калашников).
Раскажувајќи ги деталите за кобниот ден, Селими истакнува дека нејзиниот малолетен син бил нападнат без никаква причина од страна на две лица. Откако му нанеле тешки повреди со ладно оружје, насилниците продолжиле да го тепаат.
„По сето тоа што го избодеа со нож, го претепаа. Го напуштија местото, се вратија по вторпат да го најдат ножот каде го фрлиле откако го изболе, но не го најдоа. Потоа случаен минувач го пронајде син ми, пријави во полиција и во брза помош, по што беше однесен на Ургентен центар“, сведочи потресената мајка.
Вистинскиот шок за семејството настанал кога се обиделе да добијат информации од полицијата за текот на истрагата и за тоа дали сторителите се пронајдени. Наместо конкретни одговори, мајката се соочила со, како што вели, нелогична квалификација на делото.
Од Основното јавно обвинителство потврдуваат дека сè уште немаат примено кривична пријава за овој настан од Министерството за внатрешни работи. Во меѓувреме, Џељана Селими останува решена да ја бара правдата, не само за својот син, туку и за да се спречат идни вакви трагедии на улиците.
„Обвинителството не ме има повикано. Не сакам да остане случајот вака. Денеска му се случи на моето дете, утре може да му се случи на друго дете“, предупредува Селими.
Останува да се види дали по реакциите во јавноста, институциите ќе ја преиспитаат правната квалификација на делото и експресно ќе ги изведат вооружените напаѓачи пред лицето на правдата.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

