02 јули 2026
• од Темелко Тошев
Системот „Безбеден град“ наскоро ќе започне автоматски да ги евидентира и да ги испраќа казните за сообраќајни прекршоци и до странските државјани кои возат низ земјава. Оваа новина која има за цел да стави крај на неказнивоста, денеска ја најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Најавата беше соопштена за време на промоцијата на превентивната кампања „Вози одморен“ на граничниот премин „Табановце“, настан на кој присуствуваше и српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.
Министерот Тошковски упати сериозен апел до сите странски возачи, како и до нашите иселеници кои транзитираат низ Македонија (особено по фреквентните Коридори 8 и 10), максимално да ги почитуваат сообраќајните правила. Тој потенцираше дека клучната цел на овие построги мерки не е само казнувањето, туку спасувањето на човечки животи.
Министерот нагласи дека живееме во ера на напредна технологија и вештачка интелигенција, поради што е апсолутно недозволиво странските прекршители да останат надвор од дофатот на законот.
„Системот ‘Безбеден град’ функционира и ќе се однесува на сите, без разлика дали возилото е со македонски или со странски регистарски таблички. Наскоро ќе бидете сведоци на целосна имплементација на вториот чекор, кој се однесува на достава на казните за оние кои управуваат странски возила. Ако во 21 век не најдеме начин за достава на овие казни, тогаш имаме проблем самите со себе“, беше дециден Тошковски.
Иако МВР признава дека процесот на прекугранична достава на казни е правно и логистички комплексен и бара време, институцијата веќе има развиено соодветно решение кое многу набрзо ќе почне да функционира во секојдневната пракса.
Системот за автоматско евидентирање на сообраќајните прекршоци преку мрежата на камери официјално беше пуштен во функција на 1 февруари оваа година. Досегашната статистика е фрапантна:
Со имплементацијата на новото техничко решение за странски таблички, се очекува оваа „црна бројка“ на прекршоци драстично да се намали, а свеста и одговорноста на патиштата да се зголемат еднакво за сите учесници во сообраќајот, без исклучоци.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

