02 јули 2026
• од Темелко Тошев
Главната кауза за промена во албанскиот политички блок започна релативно добро, но закочената европска агенда и отсуството на уставни измени претставуваат огромен хендикеп, истакна Арбен Таравари во своето најново гостување во поткастот „Почетна пресметка“.
Зборувајќи за ветувањата дадени пред граѓаните и моменталната политичка реалност, Таравари посочи дека примарната идеја за промена подразбирала работите да бидат суштински подобри во однос на времето кога на власт беше ДУИ. Иако првите пет до шест месеци поминале позитивно и според очекувањата, ситуацијата станала сложена поради ставот на коалицискиот партнер.
„Меѓутоа, кога не ти оди европската агенда и кога ќе ти каже најголемиот партнер во коалицијата дека уставните промени не може да се случат, тоа е огромен хендикеп кај Албанците. Почнаа да нè прашуваат: ’Нели рековте за шест месеци ќе има уставни промени?‘ Па кажавме уште шест, па уште... Еве поминаа две години, четири пати по шест месеци, и разочарувањето е огромно. И уставни промени нема“, дециден е Таравари во изјавата за „Почетна пресметка“.
Освен застојот во евроинтеграцискиот процес, тој се осврна и на доцнењето на Законот за правична застапеност, кој беше уште едно од клучните ветувања на нивната политичка платформа. Според Таравари, иако било најавено дека овој закон ќе помине во парламентот во ноември или декември 2024 година, досега не е направен чекор напред.
„Сега сме јуни 2026 година, сè уште не е изгласан тој закон и е, да речам така, хендикепиран“, заклучи тој, потенцирајќи ги сериозните предизвици со кои се соочуваат во обидот да ги реализираат дадените ветувања пред електоратот.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

