19 јули 2026
• од Темелко Тошев
Северна Македонија има повеќе професионални судии по глава на жител во споредба со просекот на Европската Унија, иако трендот и кај нас и во Европа покажува континуирано намалување на нивниот број. Дополнително, податоците покажуваат дека судската професија е силно доминирана од жените, како во земјава, така и во поширокиот регион.
Според најновите податоци на Евростат, во 2024 година во ЕУ имало 15,7 професионални судии на 100.000 луѓе, што претставува пад во однос на 17,7 судии колку што биле регистрирани пред десет години (2014).
Сликата во Северна Македонија за 2024 година покажува 20,15 судии на 100.000 жители. Слично како и во Европа, овој број е во опаѓање – споредено со 2019 година, бројот на судии кај нас е намален за повеќе од четири (тогаш изнесувал 24,3).
Сликата ширум европскиот континент е мошне хетерогена. Некои земји имаат исклучително висок број на делители на правдата, додека други функционираат со значително помал број.
Земји со најмногу судии во ЕУ (на 100.000 жители):
Од другата страна на скалилото се наоѓаат претежно западноевропски држави:
Регионот бележи релативно високи бројки кога станува збор за застапеноста на судиите. Црна Гора и Србија се на самиот врв, дури и пред Македонија.
(Забелешка: За Албанија и Косово нема податоци за 2024 година. Последниот податок за Албанија е од 2023 година – 8,87 судии, додека за Косово е од 2019 година – 23,33 судии на 100.000 жители).
Интересен демографски показател е дека судството станува изразено „женска“ професија. Во повеќето земји од ЕУ, жените се мнозинство меѓу професионалните судии. Апсолутен лидер е Словенија, каде судијките претставуваат дури 81,4% од кадарот (694 жени наспроти 159 мажи), по што следи Латвија со 79,7%.
Германија има речиси совршен баланс со 50,7% жени, додека Ирска е единствената земја во ЕУ каде мажите се побројни во судството (56,4% мажи наспроти 43,6% жени).
Трендот на женска доминација е силно изразен и во Северна Македонија, каде во 2024 година речиси две третини (61,4%) од професионалните судии се жени. Оваа слика е пресликана и низ целиот Балкан:
Што се подразбира под „професионален судија“? Според дефиницијата на Евростат, професионални судии се вработени официјални правни лица (со полно или скратено работно време) овластени да водат граѓански, кривични и други предмети, да донесуваат одлуки, и кои се регрутирани и платени исклучиво за таа функција. Оваа категорија ги исклучува непрофесионалните судии, како што се судиите-поротници.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

