18 јули 2026
• од Темелко Тошев
СВР Скопје презема интензивни мерки за расчистување на случајот што се случи ноќеска во скопската населба Лисиче.
Полицијата соопшти дека на 18 јули 2026 година, точно 20 минути по полноќ, во СВР Скопје била добиена пријава за тешко кривично дело против половата слобода и половото дејство.
Според пријавата, 32-годишна жена била жртва на обљуба извршена од страна на две лица на подрачјето на населбата Лисиче.
По преземени итни оперативни дејствија, полициските службеници приведоа едно лице поврзано со инцидентот. Се работи за 41-годишниот А.М. од Скопје, кој е лишен од слобода.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во моментов се преземаат сите потребни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот, како и за пронаоѓање на второто лице кое се сомничи за вмешаност во овој тежок инцидент
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

