19 јули 2026
• од Темелко Тошев
Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека во Гостивар во моментов владее епидемија на гастроентеритис и упати остри критики до епидемиолошките служби поради, како што вели, нивното нереагирање во ситуација со огромен број заболени граѓани.
Во објава на социјалните мрежи, Пановски истакнува дека според неговите проценки, околу 1.500 лица веќе се регистрирани со истите симптоми, додека најмалку уште 5.000 граѓани воопшто не побарале лекарска помош.
„Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 други кои не се јавиле на лекар. Во еден град 30 отсто од населението заболело од иста болест, а немало услови за прогласување епидемија. Е па браво“, напиша Пановски на својот профил.
Тој директно ги повика епидемиолозите да излезат на терен и да реагираат, нагласувајќи дека нивната реакција е професионална, а не политичка обврска.
„Епидемиолози, каде сте? Ова не е политика, ова е ваша должност да реагирате“, порача тој.
Што преземаат институциите?
Во меѓувреме, надлежните здравствени и санитарни институции продолжуваат со истрагата за откривање на точните причини за масовните стомачни проблеми во Гостивар и околината.
Сè уште се чекаат конечните лабораториски анализи, кои треба со сигурност да потврдат дали:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

