19 јули 2026
• од Темелко Тошев
Центарот за јавно здравје Тетово – Епидемиолошката служба во Гостивар, официјално прогласи епидемија на територијата на Општина Гостивар. Причината за овој алармантен чекор е драстичното зголемување на бројот на граѓани кои заболуваат од стомачни инфекции.
Информацијата првично ја објави порталот „Гостиварпрес“, а ја пренесува „Скопје1.мк“. Според надлежните здравствени власти, состојбата будно се следи на дневно ниво, но бројот на заболени и понатаму бележи континуиран раст.
„Поради зголемен број заболени и надминување на лимитот на неделно ниво, пријавуваме епидемија на подрачјето на Гостивар. Редовно ја следиме состојбата, анкетираме заболени пациенти и се преземаат мерки“, информираат од гостиварската Епидемиолошка служба.
Алармантни бројки: Над 600 пациенти за едно деноноќие
Болниците и итните служби во градот се под силен притисок од напливот на граѓани. Според податоците, само во текот на изминатите 24 часа регистрирани се следните бројки:
Најголемиот дел од пациентите кои побарале медицинска помош манифестирале идентична клиничка слика и симптоми како: дијареја, повраќање и дехидрација.
Здравствените власти продолжуваат со анкетирање на пациентите со цел да се лоцира изворот на заразата и апелираат граѓаните да внимаваат на хигиената и безбедноста на храната и водата што ја консумираат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

