19 јули 2026
• од Темелко Тошев
Здравствените власти се на терен и интензивно ја следат состојбата во Гостивар, каде изминатиот викенд е регистриран драстичен скок на пациенти кои побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентероколит. Министерството за здравство (МЗ) информира дека состојбата се третира како активен епидемиски настан, а надлежните институции денеска треба да донесат одлука дали официјално ќе биде прогласена епидемија на ова подрачје.
Според податоците од Министерството, клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна, а бројот на хоспитализирани останува низок.
Само во период од 24 часа (од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот), во Општата болница во Гостивар се регистрирани речиси 350 прегледи:
Поради зголемениот број заболени во многу краток временски период, активирани се сите епидемиолошки служби. Подрачната единица на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Гостивар веќе врши теренски увиди, спроведува епидемиолошки анкети и прибира податоци од заболените.
Досега се доставени околу 140 формални пријави за заразна болест, кои се обработуваат од тимовите на ЦЈЗ Тетово и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
„Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, надлежен за прогласување епидемија на подрачјето на Гостивар е Центарот за јавно здравје Тетово. По спроведените теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, надлежниот Центар денес ќе донесе соодветна одлука“, наведуваат од Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје е вклучен со стручна и лабораториска поддршка. За да се утврди точниот извор на заразата, во тек се следните активности:
Министерството за здравство упати силен апел до сите граѓани да ги следат официјалните препораки за заштита.
Се препорачува задолжително и редовно одржување на хигиена на рацете. Сите лица кои ќе забележат симптоми како повраќање, дијареја, покачена телесна температура или знаци на дехидратација, се советуваат навремено да побараат медицинска помош кај својот матичен лекар или во најблиската здравствена установа.
Од Министерството уверуваат дека јавноста ќе биде редовно и транспарентно информирана за резултатите од лабораториските анализи и за сите дополнителни мерки што ќе бидат преземени во наредните денови.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

