08 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, оцени дека најновиот извештај на Светска банка ги демантира тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски за силен економски напредок и за Македонија како „трета економија во Европа“.
„Не остана ништо, се распрсна бајката. Нема трета економија во Европа, нема 16 пати поголеми пензии, нема зголемување на минималната плата, нема раст и тоа граѓаните го чувствуваат“, изјави Каранфилова-Пановска.
Светска банка во најновата анализа предупредува дека без посериозни реформи, просечниот годишен економски раст на земјава може да забави на 2,4 отсто до 2050 година. Во такво сценарио, Македонија би достигнала околу 55 отсто од просечниот доход во Европската Унија. Банката како главни проблеми ги посочува ниската продуктивност и инвестиции, слабата конкуренција и недоволното искористување на човечкиот капитал.
Каранфилова-Пановска рече дека со сегашното темпо на раст ќе бидат потребни децении за земјава да се приближи до европскиот просек. Таа посочи и на податоците за работниците во нископродуктивни и послабо платени сектори, оценувајќи дека економскиот модел не обезбедува доволно добро платени работни места. Светска банка, пак, проценува дека со сеопфатни реформи растот би можел да се забрза, а условите и платите да се подобрат за околу 196.000 вработени.
Од СДСМ упатија критики и за состојбата со јавните финансии и најавеното ново задолжување од 250 милиони евра, тврдејќи дека средствата ќе се користат за тековни буџетски трошоци, а не за развојни инвестиции.
Каранфилова-Пановска порача дека за посилен економски раст се потребни структурни реформи и продолжување на европскиот пат. И Светска банка оценува дека долгорочното приближување кон европскиот животен стандард зависи од повисока продуктивност, подобро управување, поголема конкурентност и спроведување реформи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

