08 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова најави дека случајот со Ива Михаилова ќе биде една од темите на денешната средба со македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски во Софија.
„Ќе го поставам прашањето за Ива Михаилова и се надевам дека од нивна страна ќе има подготвеност за соработка“, изјави Петрова пред почетокот на меѓународната министерска конференција за Коридорот 8.
Случајот подолг период предизвикува интерес во Бугарија, особено поради нејзината здравствена состојба и ограничувањата за напуштање на земјата заради лекување.
Средбата меѓу Петрова и Муцунски се одржува во период кога Софија и Скопје повторно се обидуваат преку дијалог да разговараат за отворените прашања и за продолжувањето на европскиот пат на Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

