21 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Опозициската партија СДСМ преку писмено соопштение до јавноста упати остри критики по повод две години од владеењето на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи за сериозен економски неуспех, пад на животниот стандард и продлабочување на сиромаштијата.
Според партијата, наместо предизборните ветувања за подобар живот, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните, изминатите две години се претвориле во „маратон во сиромаштија“ и секојдневна борба за егзистенција.
СДСМ обвинува дека државата рекордно се задолжува, а средствата не се насочуваат кон вистинските потреби на населението.
„Нема пари за повисока минимална плата, нема пари за значително зголемување на платите, нема пари за пензионерите, за земјоделците и за младите. Но затоа има пари за луксуз, за партиски привилегии и за нови задолжувања“, се вели во соопштението.
На крајот, од партијата заклучуваат дека изминатите две години се одбележани со изолација и неисполнети ветувања. Според нив, на сите им е јасно дека граѓаните се излажани, бидејќи политиките на Владата не ги решаваат проблемите, туку само дополнително ги создаваат и продлабочуваат.
Скопје конечно добива три јавни тоалети: Локациите се познати, но не и датумот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

