26 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Членови на Синдикатот и голем дел од вработените во Градски Трговски Центар (ГТЦ) АД Скопје денеска излегоа на протест пред управната зграда на претпријатието. Причина за нивниот револт е незадоволството од неисплатеното усогласување на платите, кое требаше да следи по растот на минималната плата на национално ниво.
Незадоволството кај работниците кулминирало откако нивните месечни примања останале исти, што според нив претставува директен удар врз нивниот животен стандард и економската сигурност во време на високи трошоци за живот.
„Протестот беше организиран поради игнорантскиот однос на работодавачот, кој и покрај зголемување на минималната плата на национално ниво, дозволи платите на вработените да останат непроменети“, истакнуваат вработените кои излегоа на протест.
Работниците преку својот Синдикат испорачаа јасни и конкретни барања до менаџментот:
Зад овие барања застанаа повеќе од 110 вработени кои ставиле свој потпис на официјалното барање доставено до раководните лица.
И покрај масовната поддршка на петицијата од страна на работниците, раководството на ГТЦ одбива да го прифати барањето за покачување.
Ситуацијата е дополнително загрижувачка бидејќи, како што посочуваат од Синдикатот, најголемиот дел од вработените во овој трговски центар веќе работат за минимална плата или земаат месечни примања кои се многу блиску до законскиот минимум. Вработените најавуваат дека нема да отстапат од своите права и бараат итно решавање на проблемот со цел заштита на нивната егзистенција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

