25 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, преку јавно обраќање побара одговори од Јавното обвинителство во врска со статусот на предметот против градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу. Случајот се однесува на сериозни обвинувања за легализација на дивоградби преку употреба на фалсификувани документи. Иако од поднесувањето на обемната документација е помината повеќе од една година, Арсовска алармира дека јавноста сè уште нема информација дали воопшто е отворен случај.
Според пријавата на поранешната градоначалничка, Ганиу легализирал објекти врз основа на лажни потврди и дозволи кои содржеле непостоечки архивски броеви на Град Скопје. Во документацијата доставена до Обвинителството се посочува дека во постапката биле искористени решенија, урбанистички согласности и геодетски елаборати кои се целосно фалсификувани.
Во образложенијата на спорните решенија (УП.09-1687/20 и УП.09-1687/21) биле наведени заклучоци и потврди за платен надоместок кон Град Скопје. Арсовска децидно тврди дека такви документи никогаш не биле издадени и не постојат во службената евиденција на Градот.
За полесен увид во динамиката на овој скандал, Арсовска ги посочува клучните датуми поврзани со спорните легализации:
Арсовска потенцира дека експресното бришење на предметите од Катастарот по нивното јавно обелоденување „ниту го брише, ниту го олеснува стореното кривично дело“, додавајќи дека до денес е помината повеќе од една година без јавнообвинителска разрешница.
Повикувајќи се на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Арсовска до Јавното обвинителство упати седум клучни прашања, меѓу кои бара одговори дали воопшто е оформен предмет по документацијата примена на 31 мај 2025 година и кој е надлежниот обвинител.
Таа прашува дали се побарани оригиналните списи од Општина Чаир и Катастарот, дали се извршени распити на службените лица и дали Обвинителството го зело предвид ризикот од долготрајното непостапување, кое може да доведе до влијание врз сведоци или уништување на докази.
Реакцијата на поранешната градоначалничка завршува со сериозно предупредување за можна селективност на правниот систем. Таа смета дека времетраењето на оваа постапка драстично отстапува од други слични предмети.
„Постои основан јавен интерес да се добие објаснување дали пролонгираното постапување во овој случај се должи на објективни процесни причини или постојат други околности што влијаат врз динамиката на постапката, со цел да се отстранат сите сомнежи за евентуален нееднаков третман, селективност или несоодветни влијанија врз процесот на одлучување.“ – Данела Арсовска.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

